
Лама — домашно животно од Јужна Америка од семејството на камилите. Народите на Андите ја одгледуваат уште од најстари времиња за месото и поради нејзината полезност како товарно животно. Животното е прилично интелигентно, и учи прости задачи по неколку повторувања.
Потекло: Јужна Америка
Латинско име: Lama glama
Факти: Кога се уплашени или налутени, ламите мљацкаат со устата и ги спуштаат ушите наназад.

