Елен — Еленот е силно и големо животно. Мажјаците се поголеми од женките, а на главите имаат големи, широко разгранети рогови. Влакното на еленот е кусо, лете е со црвенкасто-кафеавкаста боја, а зиме станува сиво-кафеаво.

Потекло:  Северна Индија

Латинско име: Cervus

Факти: Елените живееат во листопадните шуми, во рамнини и во планински предели.