
Лемур — Овој лемур се среќава на југот и југозападот на Мадагаскар, во суви и отворени предели, како и во шумите. Прстеноопашестиот лемур е витко животно, со големина колку мачка. Телото им е долго 38-45 см, а црно-белата опашка е прстенесто обоена и долга 55-62 см . Како правило, горниот дел од опашката го држат во свиена положба.
Потекло: Мадагаскар
Латинско име: Lemur catta
Факти: Поради потребата од топлина, лемурите седнуваат на сончевина за да се загрејат, ширејќи ги рацете и нозете.

