Ној  — голема безлетна птица по потекло од Африка. Ноевите вообичаено тежат од 63 до 130 кг, некои примероци од мажјаци се најдени кои тежат и до 155 кг. Перјата на возрасен мажјак се воглавно црни, со бело на крајот од крилјата и опашот. Женките и младите мажјаци се сиво-кафеави и бели.

Потекло: Африка

Латинско име: Struthio camelus

Факти: Ако е доведен во ќоше тој може да повреди и да убие со неговите силни нозе.